еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември, одлучи Влада.

„Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

Согласно владината одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година,“ велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред Владата и МНР, побара оставка од Заев поради “тајните преговори со Софија“

Редакција

Филипче: Има доволен број на кревети на Инфективна клиника и во ГОБ „8 Септември“

Редакција

Во сите скопски општини скокнала бројката на новозаразени со корона вирусот, Чаир на врвот со 306

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница