еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Западен Балкан еден од приоритетите во надворешната политика на Бајден

Меѓу надворешно-политичките приоритети на новата американска администрација е Западен Балкан, беше речено во телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД, Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел.

Според соопштението на Белата куќа, двајцата државници истакнале приоритетни теми, вклучувајќи ги Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина, како и Западен Балкан, каде што е актуелно прашањето за решавање на односите и постигнување договор меѓу Белград и Приштина.

„Претседателот Џозеф Бајден денеска разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесувајќи ја неговата желба за продлабочување на односите меѓу двете земји.

Тој ја изрази својата намера да го ревитализира трансатлантскиот сојуз, вклучително и НАТО и Европската унија, како камен-темелник на колективната безбедност и заедничките демократски вредности“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

„Тие, исто така, се согласија за важноста на глобалната соработка, вклучувајќи ја и обновената посветеност на САД кон мултилатерални организации, борбата против климатските промени, борбата против Ковид-19 и подобрување на здравствената заштита, како и постигнување одржливо глобално економско закрепнување“, се додава во соопштението.

МИА/Фото: Фејсбук/Бајден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потпишан договорот со „Текнопанел“, компанијата инвестира 20 милиони евра и ќе отвори 120 вработувања

Редакција

Почина Зоран Василевски Фаци по долгата борба со ракот

Редакција

Комитетот на министрите на Советот на Европа загрижен, бара регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница