еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Започна акција за исплата на долгови за вода на рати без камата

Денеска започна акцијата за исплата на заостанатите долгови на рати без камата за задоцнето плаќање. Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 17 јуни до 31 јули.

По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

„Во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, процесот се одвива непречено и притоа се почитуваат сите протоколи за влез, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание.

При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете.

Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита,“ информираат од претпријатието.

Со цел заштита на корисниците и вработените, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстично зголемување: Азил во ЕУ побарале лани побарале 4.4922 македонски граѓани, а 1.230 во 2020 година

Редакција

Нема потреба за активирање на стоковите резерви, немаме недостаток на храна и енергенси, вели Ковачевски

Редакција

Намален бројот на работници во индустријата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница