еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Започна исплатата на пензиите кои се повисоки за 8,4%

Од денеска почнува етапната исплата на пензиите за март, зголемени за 8,4 отсто, согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: денеска е исплатата на пензии до 11.000 денари, утре (среда) на тие што се во износ од 11.001 до 14.000 денари, во четврток пензиите од 14.001 до 18.000 денари и в петок, 31 март, ќе се исплаќаат пензиите во висина над 18.001 денари.Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите може да располагаат од денеска и можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

МТСП во известувањето појаснува дека новата методологија за раст на пензиите следи два индикатора односно 50 отсто од порастот на просечната плата и 50 отсто од порастот на трошоците за живот.

-Ова усогласување се врши два пати во годината, март и септември, и претставува постојан раст на пензиите, наведува МТСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во еден ден изгореа 10 хектари: Продолжува деценискиот проблем со палењето на трските на струшкото крајбрежје

Редакција

„Виз ер“: 20 проценти намалување на картите за резервации направени денеска

Редакција

Убава вест: Оздравени 347 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница