еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Започнува пријавувањето за Skopje Run 10K – Одберете го својот омилен стартен број

Ова е третата година по ред во која во октомври се очекува нов бран на позитивна енергија. Минатата година во Скопје над 1.600 учесници излегоа на бул. Илинден во склоп на Skopje Run 10K. Организатор повторно е тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје.

Секој заинтересиран може да се пријави од денес, 22. август 2019, после 10.00 часот. Тие кои ќе се пријават во првите два дена, 22. и 23. август 2019, ќе може да го одберат својот стартен број.

Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри, кои ќе започнат на 6. октомври 2019 во 09.00 часот.

Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.

Skopje Run 10K веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.

За повеќе информации за Skopje Run 10K посетете ги официјалните канали за комуникација: www.skopje.Run и www.facebook.com/SkopjeRun.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување www.smartrace.club.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Промоција на врвни македонски вина во САД

Редакција

MOSH – Lounge & Music Bar органзираше хуманитарна забава за собирање на донации за лекувањето на Леонид Индов

Редакција

Голема хуманитарна акција на АПИС: Ќе донираат медицинска опрема во вкупна вредност од 200.000 евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница