еМагазин
Image default
Македонија

Заразени наставници, воспитувачка и негователка во штипските училишта и градинки

Триесет и четири второоделенци од штипското основно училиште „Тошо Арсов“ и нивните две наставнички заминуваат во изолација, откако имале физичка настава од наставник од предметна настава, кој е позитивен на коронавирусот.

Директорката на училиштето, Фросина Маџарова вели дека од почетокот на учебната година, досега имаат тројца наставници, кои се заразиле со вирусот. Прекин во наставата нема, бидејќи учениците и наставниците ја реализираат он-лајн.

Нови случаи на заразени вработени во штипските детски градинки се регистрирани во објектот на градинката „Астибо“ во населбата „Сењак“. Воспитувачка и негователка се инфицирани, со што во изолација се испратени шест деца.

Директорката на Центарот за здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека вчера се регистрирани 25 случаи, но и денеска се очекува двоцифрена бројка. Заразате се шири меѓу младите над 20 години, семејствата, но и сега и во училиштата и градинките. Текстилниот кластер во најголемата фабрика во ТИРЗ зоната е стивнат.

На Инфективното одделение во штипската Клиничка болница денеска се хоспитализирани 53 пациенти, има два слободни кревети, 20 пациенти се со тешка клиничка слика и се на кислородна поддршка, а во болнички услови е починат пациент на 72-годишна возраст од Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конфекција во Ресен е ново жариште на Ковид-19

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Делото застарува за 4 месеци: Мијалков спроведен во Кривичен за „Титаник 2“

Редакција

Бранителот Дангов на судењето за „Титаник 2“: Без докази на Срцев му се импутира наводно незаконска одлука на ДИК

Редакција

Поранешниот министер Бектеши на распит, потпис на фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека ставила Чекиќ-Дуровиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница