еМагазин
Image default
Македонија

Заразени со Ковид-19 има во неколку велешки јавни институции, а најмногу во ЈКП „Дервен“

Во Општина Велес има тројца службеници кои се позитивни на Ковид-19, а петмина вработени се во изолација. Во Територијална противпожарна единица има четири лица кои се во изолација.

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција информира дека во локалната библиотека и Народниот музеј нема ни позитивни, a нема ни во изолација.

Во ЈКП „Дервен“ има шест позитивни и 15 вработени се во изолација. Како што посочи Коцевски, во овие институции вкупно девет вработени се позитивни на Ковид-19, а 24 вработени се во изолација.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на Европа регистрира сексистички навреди и закани за силување кон македонски новинарки

Редакција

Убава вест: 378 оздравени од Ковид-19

Редакција

„Левица“ до Собранието го поднесе барањето за покренување референдум

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница