еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Засега нема укинување на ковид сертификатите

Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки. Веќе десет дена има благо зголемување на бројот на хоспитализирани, а тоа значи дека сме во тек со состојбата, ја контролираме и со капацитети на кревети кои ги има сосема доволно и од аспект на кадар сме сосема доволно добро организирани. Така што нам ни останува само да чекаме да се намалува бројот. Има благо намалување на бројот од аспект на новоинфицирани. Вака како што сме продолжуваме.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека засега не се планира укинување на ковид сертификатите.

– Според епидемиолошката состојба, во државата има многу мал број вакцинирани, а се уште продолжува пикот на четвртиот бран. Не можеме да зборуваме за намалување на рестриктивните мерки, додаде Сали, одговарајќи на новинарски прашања.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ со Путин договори добра цена за гасот, Србија ќе плаќа трикратно помалку од европските земји

Редакција

Во селото Старавина пронајдени 837 неексплодирани бомби од Првата светска војна

Редакција

Колкави се примањата на УО и НО на ТТК Банка лани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница