еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Застарува и „Талир“, кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ

По измените на Кривичниот законик пред застарување е уште еден случај на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Талир“, кој се однесува на финансирањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристоска. На вчерашното рочиште таа предложи, а судијата треба да донесе одлука на наредното за застарување на делото „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Адвокатот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и исто така обвинетиот Илија Димовски, побараа од судија да донесе решение за застарување и во нивните случаи.

Шабани најави дека на наредното рочиште, на 10. ноември, ќе се произнесе по сите предлози.

Во случајот се обвинети и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Божиновски и Јанакиески, се товарат за „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „Перење пари“, како и Димовски, а Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, се обвинети само за делото „Перење пари“.

Чингаровска призна вина и се спогоди со Обвинителството, за што доби условна казна од две години.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Застаре и „Змиско око„, судењето траеше 16 години, обвинетите ќе бараат максимална оштета од државата

Застаре и предметот за Ивона Талевска и Љупчо Димовски, „Продуцент“

Мијалков нема да одговара за прислушувањето, застаре делото за „Таргет-Тврдина„, трошоците за судењето ќе ги платат граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арбен Таравари во трка за втор мандат за градоначалник на Гостивар

Редакција

Во ковид центрите низ земјава се лекуваат 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Марковска: Стојам на располагање за обуки на тимовите кои имаат одговорност за одржување на хигиената во компаниите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница