еМагазин
Image default
Македонија

Затворен пунктот за вакцинирање против Ковид-19 во Кочани, граѓаните се препраќаат во Штип

Затворен е пунктот за вакцинирање во Општата болница со проширена дејност во Кочани, а граѓаните кои веќе имаат закажан термин, вакцината против Ковид-19 ќе ја примат во регионалниот вакцинален центар во Штип.

Затворањето на пунктот е како резултат на активностите на Министерството за здравство за масовна имунизација на населението, а што ќе се спроведува во шест регионални центри за вакцинирање.

-Вакцинирање против коронавирусот во нашата болница веќе нема, а двете екипи од медицински персонал што работеа во пунктот од денеска се упатени да помагаат во регионалниот центар во Штип.

Во изминатиот период овде беа вакцинирани околу 950 граѓани, но сè уште немаме насоки каде ќе се ревакцинираат граѓаните кои кај нас ја примија првата доза од вакцината, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница со проширена дејност.

Затворањето на пунктот за вакцинирање во Кочани предизвика негодување кај дел од граѓаните, особено меѓу повозрасните и тешко подвижните, за кои патувањето до Штип е дополнителен финансиски трошок, но и зголемен ризик од зараза.

Пунктот за вакцинирање во Кочани почна со работа пред околу еден месец и во него првата доза од вакцините на производителот „АстраЗенека“ ја примаа граѓаните над 75-годишна возраст.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спортската сала во Медицинско училиште се подготвува за вакцинирање на битолчани

Редакција

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ одржа голем протест против „неправдите, реваншизмот и политичкото насилство“

Редакција

Гоце Делчев и учебниците по историја тема на новата дводневна средба на македонско-бугарската Историска комисија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница