еМагазин
Локално

Затворена градинката „Ташко Караџа“ во Радишани поради појава на морбили

Градинката „Ташко Караџа“ во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“ во скопската населба Радишани ќе биде привремено затворена поради појава на морбили.

Од Министерството за труд и социјална политика попладнево соопштија дека во следните 15 дена во објектот нема да се згрижуваат деца поради поголем број заболени деца од морбили.

– Забраната стапува на на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест, се наведува во соопштението од ресорното Министерство.

Министерството за труд и социјална политика најавува дека даде препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет деца од градинка во Радишани заразени со морбили

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски не кажа дали и кога ќе се сретне со приватните превозници

Редакција

IQOS караванот на нова локација, во Куманово

Редакција

Пожарникарите извадија машко лице од водите на Вардар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница