еМагазин
Image default
Македонија

Затворена штипската конфекција во која има нови позитивни случаи на корона вирусот

Текстилната конфекција во која деновиве се регистрираат позитивни случаи на Ковид-19, а денеска има уште неколку работници кои се заразени, се затвора на седум дена.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој раководи со Кризниот штаб вели дека утринава имал разговор со сопственикот на конфекција, кој му соопштил дека во интерес да не се шири заразата меѓу вработените, донел одлука процесот на производство да мирува.

-Апелираме работниците кои не одат на работа, но и оние кои се во изолација или имаат контакт со заразени со коронавирусот да седат дома и да се придржуваат на мерките, вели Бочварски.

Бочварски и здравствените власти потврдуваат дека денеска има регистрирано и случај на една заразена работничка во чевларска фабрика во Штип. По овој случај од оваа фабрика во самоизолација заминуваат уште тројца вработени, со кои имала контакт.

Во Штип во моментов во изолација има вкупно 450 лица, а оваа бројка деновиве почнува да се намалува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов позитивен случај на корона вирусот во штипска конфекција, која може да биде нов кластер

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири новозаболени од Ковид 19 во Куманово, сите познати кластери

Редакција

Обвинителство ја прекинува соработката со Антикорупциска поради „шемата“ која ја обелодени за неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница