еМагазин
Image default
Локално

Затвореници во Идризово за да спречат претрес, го предизвикале пожарот

Управа за извршување на санкциите информираше дека при претресот во Идризово биле одземени шест мобилни телефони

„На 29.10.2018 година, околу 22 часот, по наредба на Директорот на КПУ Идризово беше извршен претрес спроведен од страна на затворските службеници. Претресот следеше откако беше утврдено дека осудените нелегално поседувале мобилни телефони во затворот, и ниту една друга причина не беше повод за извршениот претрес.

Дел осудените лица, со цел да го спречат претресот предизвикаа пожар во една од ќелиите, додека пак други осудени лица предизвикаа намерна материјална штета при што дојде до истекување на поголема количина на вода.

По завршувањето на овие настани, ситуацијата беше ставена под контрола на затворските службеници, а претресот продолжи и во сите останати ќелии. За време на претресот беа одземени вкупно шест мобилни телефони. Напоменуваме дека, осудените лица немаат право да поседуваат мобилни телефони, а од страна на затворот се обезбедува телефон и контакт со блиските.

Со оглед на високиот ризик на осудените лица сместени во ова одделение, претресот беше извршен успешно“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнато лице од обезбедувањето во Фондот за здравствено осигурување

Редакција

Наставникот од Струмица обвинет за полов напад врз дете во притвор, разрешен директорот на училиштето

Редакција

Тешко повреден велосипедист по удар од „ауди“

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница