еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Затвореник ранил затворски полицаец и побегнал додека го носеле во болница

Затвореник од КПУ „Идризово“ ноќеска пред поноќ додека го носеле во болница пукал во затворски полицаец, го ранил и побегнал со друго возило.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, синоќа во 23:20 часот четворица вработени во Затворската полиција кои биле со комбе „Форд транзит“ побарале помош од полициски службеници од СВР Скопје.

-Според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М од КПУ „Идризово“ кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х од затворската полиција, пукал и го ранил. Потоа осуденикот побегнал со патничко возило „ауди“.

Повредениот затворски полицаец е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош, се наведува во соопштението.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потерница за избеганиот осуденик кој пукал во затворски полицаец, вонреден надзор во Идризово

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов гаф: Пендаровски на тет-а-тет средба со Ѓукановиќ со наопаку поставено црногорско знаме

Редакција

Убава вест: Оздравени 111 пациенти заболени од Ковид-19, најмногу од Кавадарци 55

Редакција

Успешен критериум за политичките прашања е во догледен период да имаме прва меѓувладина конференција со ЕУ, вели Ковачевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница