Во затворот во Идризово регистриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот.
Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него.
Како што информира директорот на затворот Боби Мојсовски, затвореникот кој бил од Велес, бил на викенд од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за Ковид-19 кој бил позитивен.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени нови 150 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 2.748
Рекорден број на 15 починати пациенти од корона вирусот во едно деноноќие, вкупно до сега 321
Бројките и понатаму високи: Нови 173 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 75