еМагазин
Image default
Македонија

Затворено на одредено време одделението за физикална терапија во Негорци

Влошената епидемиолошка состојба во општина Гевгелија предизвикана од пандемијата со коронавирусот придонесе поради недостиг од персонал од денеска на одредено време да биде затворено одделението за физикална терапија лоцирано во кругот на Негорските минерални бањи.

Директорот на гевгелиската Општа болница, Митко Крџев вели дека ова е направено поради ограниченоста за ротирање на здравствениот персонал, чиј број пандемијата речиси го преполовила.

– Дел од лекарите, медицинските сестри, лаборантите и болничарите се заразени од Ковид-19 или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со позитивни пациенти, а за жал деновиве е забележан и првиот смртен случај меѓу вработените во Општата болница со проширена дејност, рече директорот Крџев.

Неповолната епидемиолошка состојба е причина и на одделението за хирургија работата да се ограничи само на итни операции и хирушки зафати, а само итните случаи одреден период ќе имаат приоритет и на другите одделенија на болницата во Гевгелија.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

500 евра казна за Груби за роденденската прослава на Ахмети

Редакција

Одлуката за избор на Џафери за претседател на Собранието утре на седница на Уставен суд

Редакција

За неносење маска изречени 761 казни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница