еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Заваровалница Триглав и официјално стана трет пензиски фонд на македонскиот пазар

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека денеска ја издаде дозвола број 03 за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

„Заедно со дозволата Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС издаде и условни одобренија број 03-01 за управување со задолжителен пензиски фонд и број 03-02 за управување со доброволен пензиски фонд на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

Овие одобренија се условни до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија.

Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови“, се вели во соопштението.

Фото: rtvslo.si

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на Гранит, Зоран Милковски повторно купи акции на компанијата

Редакција

(Галерија) Дона Каран, Келвин Клајн, Хелена Кристенсен, Кристи Тарлингтон… пробаа македонски вина во Њујорк

Редакција

Петков потврди дека нема тргање на ветото за Македонија до јуни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница