еМагазин
Image default
Македонија

Заврши координацијата кај Џафери, вечерва нема седница за одложување на пописот

Нема услови денеска да се одржи седница на Собранието за одложување на пописот. Ова е епилогот од попладневната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, информираат од пратеничките групи.

Според нив, доколку се создадат услови, седницата ќе се одржи утре.

Против одржувањето на седницата, како што велат, бил координаторот на пратеничката група Алијанса за Албанците и Алтернатива, зашто сметал дека одложувањето на пописот за септември не е поради актуелната здравствена состојба, туку дека станува збор за политичка одлука.

Џафери претходно рече дека не може да каже кога ќе бидат донесени измените на Законот за попис зашто има процедури што треба да се испочитуваат. Мора да бидат запазени сите постапки, нагласи и информира дека од формален аспект предлозите ги вратил до предлагачите, од каде очекува во најбрз рок да ги вратат повторно во Собранието.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Монструм“ и повторената постапка за „Триста“

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Да си ги решат меѓупартиските препукувања, вели Спасовски за инцидентот во Арачиново

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница