еМагазин
Image default
Македонија

Заврши расправата за Законот за Советот за јавни обвинители, но ќе се гласа утре

Собранието попладнево ја заврши расправата по Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, но не гласаше иако имаше услови за тоа, поради тоа што, како што рече претседателот Талат Џафери, тој е во тесна врска со Законот за јавно обвинителство, за кој расправата, исто така е завршена, но не беше обезбедено двотретинско мнозинство за да биде донесен.

Продолжението на оваа 135-та седница Џафери го закажа за утре во 11 часот, кога треба да се гласа и за двете точки. За утре е закажана и седница на која треба да се распушти Парламентот, за да се одржат предвремените парламентарни избори.

Расправата помина со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за партизирање на правосудните органи, за тоа кој направил државата да биде заробена или да има хибриден режим.

За пратениците од власта ова законско решение е добро и ќе го подобри работењето на Советот за јавни обвинители. Со тоа, рекоа, ќе се унапреди функционирањето на правдата и правната држава.

Нивните колеги од опозцијата сметаат дека ова е решение кое се носи за, како што посочија, мафијата да може да управува со правосудниот систем.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За три дена нови 1.171 случаи со Ковид-19, тројца починати и 1.390 оздравени

Редакција

Протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на Македонија, вели Петровска

Редакција

Пендаровски нема да користи државна пензија, ќе работи како професор на Американ Колеџ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница