еМагазин
Image default
Македонија

Заврши судската ферија: СЈО ќе „тера“ со судските предмети и ќе одговара за „Рекет“

Од денеска во Кривичниот суд треба да продолжат рочиштата по предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

За денеска, според најавата, на нивната веб страница има закажано рочиште за предметот Титаник, кој се однесува на изборни нерегуларности. За овој предмет има закажано рочиште и на 14 во среда и во петок на 16 август.

За неделава рочиште во судот ќе има и за предметот на СЈО – Т.Н.Т. за уривањето на комплексот „Космос” на  Фијат Цаноски.

Инаку, рочиштата продолжуваат по судската ферија што почна на 15 јули, а продолжува во период кога преку интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ беа објавени снимени разговори меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан (Орце) Камчев, за случајот „Рекет“, а во кои се споменуваа Катица Јанева и Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“ а во која е осомничен бизнисменот Јордан (Орце) Камчев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај се парите кои ги изрекетирале Боки 13 и Кичеец?

Вучиќ: Колку што јас знам од италијански извори, ќе има уште изненадувања за “Рекет“

Дечки, “мрачните сили“ не отидоа по рекет кај Камчев, Боки 13 беше

Заев вели дека не соработувал и комуницирал со Боки 13 во врска со „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кои пратеници не чинеа најскапо: Последниот парламентарен состав за патни трошоци потрошил 1,5 милион евра

Редакција

Француската одлука за преговори со Македонија ќе ја носи лично Макрон

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница