еМагазин
Image default
Македонија

Завршни зборови на Обвинителството за случајот „Тортура”, за аспењето на Љубе Бошковски

Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска се закажани завршни зборови на Обвинителството за случајот „Тортура“, кој се однесува на аспењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од Казнениот законик.

За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ собра 25.000 потписи против одржување на пописот, продолжуваат и денеска

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 28 лица, а 369 не носеле маска

Редакција

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница