еМагазин
Image default
Македонија

Завршни зборови на судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

На минатото рочиште завршни зборови дадоа обвинетите Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Младен Додевски и Јане Ченто, кои се товарат за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Пепиќ во завршните зборови на судењето истакна дека не е дел од никакво терористичко здружение, туку во Собранието бил службено како разузнавач.

Обвинетиот Алими нагласи дека на 27 април сè што направил е со знаење на неговите надредени. Тој нагласи дека на Горан Ѓошевски-Леви му ги дал клучевите од вратите, бидејќи не знаел зошто ги бара.

Според обвинетиот Дурловски, Судечкиот совет кога ќе ја донесува пресудата треба да се запраша дали, како што тврди, тој држел потпалувачки говори и оти се коцкал со државата за материјални побуди. Тој на судењето истакна дека на 27 април ја пеел химната, потоа заминал на ракомет со неговиот син, а кога видел дека има „гужва“ во Собрание, се вратил назад.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Сузбиена меѓународна криминална група за трговија со дрога, приведени 10 лица, запленета дрога вредна над 200.000 евра

Редакција

(Видео) Во Дрисла уништени 170 килограми марихуана, хашиш, кокаин, екстази…

Редакција

СДСМ и ДУИ пред договор за влада: Утре средба Заев-Ахмети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница