Здравствен дом Љубљана преку оглас бара неколку лекари специјалисти по семејна медицина или општа медицина за работа во Љубљана.
„Ве покануваме да се вклучите во позитивно ориентиран и развиен тим со добри работни услови на работното место лекар специјалист за семејна/општа медицина. Бараме професионално квалификувани лица со важечка лиценца од областа на семејна медицина/општа медицина и познавање на словенечкиот јазик (ниво C1)“, се вели во огласот.
Се нуди работа во здравствен центар каде квалитетот и безбедноста на пациентите и вработените се во првите редови и во организација која се поврзува со меѓународни институции во областа на здравството.
Целиот оглас ТУКА.