еМагазин
Image default
Македонија

Здравствената состојба на Боки 13 се влошува, вели неговиот адвокат, одложено рочиштето за “Меѓународен сојуз“

Здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки13, обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“ не се подобрува, туку се влошува, истакна неговиот бранител адвокатот Сашо Дуковски.

Тој по одлуката да се одложи денешното рочиште, пред новинарите истакна дека раната на неговиот клиент не му зараснува.

– Се работи за керотизирано ткиво, односно зацврстено ткиво кое што секое т.н. крпење на желудникот е тешко и не случајно некој човек и затоа што е здрав се држи во болнички услови затоа што ни од далеку истото не може да се спроведе во затворот „Скопје“, изјави адвокат Дуковски пред Кривичниот суд.

Заради влошената здравствена состојба на обвинетиот Јовановски, одбраната поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор со мерката куќен притвор. Но, едно вакво барање како што истакна адвокатот Дуковски, вчера им било одбиено.

– Едноставно човек што е опериран од таква болест и со таква операција не може да биде третиран во најсериозните демократии во светот во затворски услови, а не во затворот „Скопје“. И затоа вчерашното одбивање на мерката замена за притвор не претставува ништо друго, туку претставува чист и најчист облик на кривично дело тортура предвиден во Кривичниот закон, истакна адвокатот Дуковски

Иако вчера им било одбиено барањето за замена на мерката притвор, одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, во тек на денешниот ден ќе поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор, со мерката куќен притвор.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи потврди дека постои иницијатива Секретаријатот за Рамковниот договор да стане министерство

Редакција

Починатата од корона вирусот немала контакт со потврден случај

Редакција

„Градежна мафија и слаби институции во држава каде владее мафијата“: Груевски за пресудата за „Космос“

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница