Здружението на граѓани „Обнова Глобал“ Струмица ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица, здруженија, државни институции, органи и единици на локалната самоуправа согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ Глобал Струмица кој беше опожарен на 2 јануари годинава.
„Паричните средства кои ќе бидат донирани да се уплатат на жиро сметка 270074779880184 депонент Халк Банка.
Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ Глобал, а со тоа ќе се овозможи повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и другите соседни општини,“ се вели во повикот.