еМагазин
Спорт

Здружението на лекари во Токио бара откажување на Олимписките игри

Здружението на лекари во Токио повика на откажување на Олимписките игри на околу два месеци пред нивниот почеток во јапонската престолнина поради пандемијата на коронавирусот, наведува ДПА.

Во писмо испратено до јапонскиот премиер Јошихиде Суга, меѓудругите, групата од околу 6.000 лекари побара од владата и организаторите да се консултираат со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за откажување на Игрите.

„Откажувањето на настанот што има потенцијал да го зголеми бројот на инфекции и смртни случаи е вистинскиот избор“, наведуваат лекарите во писмото.

И локалните организатори и МОК остануваат упорни дека Игрите, одложени за една година поради пандемијата, можат да почнат според планираното на 23 јули, пренесува ДПА.

МИА/Фото: Photo by Bryan Turner on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла

Редакција

Денеска се одржува „Скопскиот маратон“ ќе има посебен сообраќаен режим, еве кои улици ќе бидат затворени

Редакција

Член на Надзорен одбор на СФМ за кого има индиции дека фалсификувал лекарски уверенија спротивно на Законот за спорт, претседателот – потписник наместо суспензија го наградува со натпревар  

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница