еМагазин
Image default
Македонија

Зекир Рамчиловиќ на местото на Љупчо Николовски во Собрание

Собранието вечерва го верификуваше мандатот на пратеникот Зекир Рамчиловиќ, кој доаѓа на местото на Љупчо Николовски, кој пак треба да биде дел од новата влада како вицепремиер за борба против корупцијата.

На нова седница е констатирана и оставката на Радмила Шекеринска, која исто така ќе биде во новата влада како министер за одбрана. Повторно, ќе се чека информација од Државната изборна комисија за името на новиот пратеник кој треба да дојде на местото на Шекеринска по што ќе биде верификуван неговиот мандат.

На седниците за верификација на мандатите не присуствуваат пратениците од опозицијата, бидејќи според нив постапката е неделовничка, а верифиакцијата се врши врз основа на извештај на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а не по предлог на Верификационата комисија.

Претходно, Собранието ја констатираше оставката на мандатарот Зоран Заев.

Истата постапка за верификација на мандатите ќе се примени и за останатите пратеници кои треба да бидат дел од новата влада.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Докторката Нина Цаца Биљановска се врати на работа во Кожната клиника

Редакција

Директор на јавно претпријатие се вработил сам себе во истото претпријатие, откри Антикорупциска

Редакција

ДИК: До 15 часот на гласање излегле 31,78 отсто од гласачите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница