еМагазин
Image default
Свет

Зеленски им вети на руските војници дека ќе ги заштити ако се предадат

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата им вети на руските војници дека ќе ги заштити ако се предадат.

На сите кои ќе се предадат ќе им биде овозможен хуманитарен третман според правилата на меѓународното право.

Зеленски им вети на руските војници дека никој нема да ги знае условите за нивното предавање односно никој нема да знае дали доброволно се предале или биле заробени. Како и дека затворениците нема да бидат вратени во Русија доколку тоа не го сакаат.

Тој во своето обраќање рече и дека руските команданти не се грижат за животот на своите војници и дека ги пополнуваат редовите во единиците само за да можат да ги испратат во смрт.

– Подобро е да се избега од криминалната мобилизација отколку да станеш инвалид, истакна Зеленски.

Откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела нареди делумна мобилизација, ширум Русија се одржуваат протести. Тој вчера го потпиша и новиот Закон, кој предвидува казна до 10 години затвор за тие што ќе одбијат да се борат, дезертираат, не почитуваат наредби или се предадат на украинските сили.

МИА/Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинеските здравствени власти на Ковид-19 ќе тестираат девет милионски град за пет дена

Редакција

По анексијата на украински региони од страна на Русија, Украина бара „забрзано членство во НАТО“

Редакција

НАТО почна да се повлекува од Авганистан, Талибанците ги интезивираат нападите

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница