еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

На 13. „МакеДокс“, земја во фокус – Чешка

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје.

Во рамките на програмата Земја во фокус е Чешка, а почесен гостин на фестивалот е познатата чешка документаристка Хелена Тшештикова, која ќе одржи и мастерклас на 20 август во „Europe House Скопје“.

Програмата Земја во фокус ќе се одвива со тематски наслов „Чешки филмски експеримент – два, нула, два, два“ и ќе опфати осум долгометражни и неколку кратки, анимирани и доку-анимирани филмови кои ќе ја претстават најновата чешка документаристичка сцена, доловувајќи ѝ ги на публиката на „МакеДокс“ атмосферата и темите што ги интересираат авторите на чешките документарни филмови, нивниот начин на работа, како и односот кон протагонистите и развојот на првичната идеја до филм како целосно дело.

Време на промени, историски и политички превирања, пандемии, научни откритија, експерименти, авантури – се теми што ги обработуваат најновите чешки документарни филмови.

Интересен е фактот што најголем удел при продукцијата на овие чешки документарни филмови има Чешката национална телевизија, која очигледно сè уште покажува особен интерес за презентирање на овие социјални и општествени проблеми и настани на граѓаните и се јавува како главен продуцент во најголем број од документарните филмови.

Програмата ќе почне на 19 август, со проекција на филмот „Рене – Затвореник на слободата“ (Чешка, 2021, 102’) на режисерката Хелена Тшештикова, една од најзначајните авторки во чешката документаристика и „мајка на тајм-лапс документарецот“.

Таа на 20 август во „Europe House Скопје“ ќе одржи мастерклас на кој низ разговор со Туе Стен Милер ќе ги сподели своите тајни за тоа како ги снима своите документарци, чие снимање понекогаш трае и по 20 години.

Програмата Земја во фокус – Чешка е поддржана од Амбасадата на Република Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија и Сивус – Групација „Арикома“.

Фестивалската програма на 13. „МакеДокс“ ќе се прикажува на четири локации, и тоа во Куршумли-ан, плато пред Куршумли-ан, МКЦ и „Europe House Скопје“.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Докторка од Куманово излекувана од коронавирусот по 44 дена

Редакција

„Пинокио“, „Офицер и шпион“ и „Проксима“ на викенд програмата на A1 Drive-in Cinema

Редакција

На хуманитарниот турнир во фудбал „Победата е наша“, победничка екипа е „Марко Божиновски”

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница