еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вакцинирајте се, во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања за невакцинираните граѓани, порача Филипче

Во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања, за невакцинираните граѓани. За влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување на вакцинален сертификат, напиша денеска министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

– Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои сè уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо.

Вакцините се безбедни и ефикасни, само масовната вакцинација може да стави крај на светската ковид пандемија, напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб

Редакција

Вакцините од Србија нема да стигнат денеска, доставата одложена за следните денови

Редакција

Истрагата за тунелот кој го ископаа затворениците во Идризово траела два месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница