еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зетот на Минчо Јорданов назначен за в.д. генерален директор на „Бетон“

Одборот на директори на „Бетон“ АД Скопје на состанокот одржан на 17.02.2020 година за в.д. извршен член на Одборот на директори и в.д. генерален директор го назначи Горан Мауровски, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Оттаму додаваат дека извршената промена е запишана во Централниот регистар на 20.02.2020 година.

Мауровски е сопруг на Наташа Јорданова, ќерка на Минчо Јорданов, кој е доминантен акционер во „Бетон“.

Тој досега извршуваше друга функција во компанијата, а беше член и на Надзорниот одбор на „Факом“, компанија која е дел од корпорацијата на Јорданов.

Фото: Фејсбук/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се шират лажни вести за наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, велат од МВР

Редакција

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на ЈП „Исар“ за набавка на струја вреден 724.000 евра

Редакција

Охридска банка за девет месеци со добивка од 385,6 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница