еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 19 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за мај, а пониско е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,61 метар иако за 10 сантиметри го има надминатоа апсолутниот минимум. Единствено Дојранското Езеро има повисок водостој од просекот за мај и тоа за 2,79 метри.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава и кај најголем дел од нив има дополнително намалување во однос на вчера. Исклучок се реките Пчиња и Бабуна на мерните места во Катлановска Бања и Богомила каде водостоите се повисоки од просечните.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трофеј за најдобро црвено вино и дополнителни 14 медали за Тиквеш на саемот во Белград

Редакција

(Фото) Рамсторе на денот на извлекувањето на големата нарадна игра го одбележа и Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Редакција

Во четврток ќе се празнува среќата, ќе се слави музиката од 1990-те и 2000-те, ќе се потсетуваме на едно убаво време!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница