еМагазин
Image default
Македонија

Зголемена фреквенцијата на граничниот премин Јажинце со Косово, влегле околу 1.500 лица до 15 часот

Значително зголемување на фреквренција на луѓе се бележи во текот на денешниот ден на граничниот премин Јажинце откако има можност да се поминуваат границите помеѓу Македонија и Косово без ПЦР-тест за Ковид-19, информираат од тамошната полициска станица за гранички проверки.

Според нивните податоци, од ноќеска на полноќ до 15 часот границата ја поминале околу 1.500 лица.

-Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Денес во временскиот интервал 00:00 до 15:00 часот преку граничниот премин Јажинце за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1.000 македонски државјани.

Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

По излез преку преминот Јажинце, на територија на Косово се влегува на граничниот премин Глобочица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На ГП Табановце влегле 2.133 лица до 15.30 часот

Македонските граѓани без ПЦР тест од денеска само во Косово, не и во Србија, Црна Гора и БиХ

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО се повлекува од Авганистан, по 19 години се „враќаат“ и македонските војници

Редакција

Телма: Миленкоски помогнал бегство на македонски државјанин, а не на ерменски бизнисмен

Редакција

Специјалниот претставник Бучковски очекува брзо да се пронајде заеднички јазик со новата бугарска влада

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница