еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Најмногу пораснала цената на лебот: Зголемени трошоците на живот во ноември

Трошоците на живот во ноември се зголемени за 0,7 проценти, а цените на мало бележат скок од 0,3 отсто во однос на октомври, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на живот се забележани кај лебот и житата за 3,8 проценти, сирењето и урдата за 2,3 отсто, месото за 2,1, маслото за 1,9, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,8 проценти, виното за 1,3, рибата, морските плодови и пивото за 1,2 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,7 проценти и жестоките пијалаци за 0,3 проценти.

Намалување е забележано кај свежото и разладеното овошје за седум проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0,8 отсто и млекото за 0,3 проценти.

Во споредба со ноември лани, трошоците на живот се зголемени за 4,8 проценти, а цените на мало за 6,2 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Реално ли е зголемувањето на цените во маркетите?“: Инспекциите ќе излезат на терен

Редакција

На македонската трпеза во 2019 најприсутни лебот, јајцата, пилешкото и компирот

Редакција

Финансиски удар за плиткиот џеб на граѓаните: Зејтинот поскап за 20 денари, кои други производи поскапеа?

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница