еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Зголемување на платите од 32 до 52% како поддршка за вработените во dm drogerie markt

Со цел да ги ублажи последиците од општото зголемување на цените на пазарот, компанијата dm drogerie markt ги поддржа своите вработени со зголемување на бруто-платите од 32 до 52 отсто, информираат од таму.

Повеќе од 200 вработени, почнувајќи од јануарските исплати на платите, добија поддршка и благодарност за вложениот труд преку зголемени примања.

dm drogerie markt првите дрогерии во Македонија ги отвори во 2012 година. Денес е присутна со 23 дрогерии во 10 градови низ Македонија и важи за компанија што секогаш вложува максимални напори на своите вработени и на нивните семејства да им обезбеди подобри услови за живот и работа преку различни можности.

-Водени од слоганот „Работа инспирирана од животот“, dm создава хармонична работна средина за целиот тим, со свесност за вредноста и улогата на секој вработен кој придонесува во успехот на компанијата, велат од таму.

На македонскиот пазар dm drogerie markt се издвојува од конкуренцијата на повеќе начини и ја задржува улогата на посакуван работодавач.

-Потврда за ова се низа придобивки за вработените, меѓу кои се и личниот и професионален развој, 14 атрактивни плати во текот на годината, проширените здравствени систематски прегледи, ваучерите за приватни здравствени прегледи, бесплатните курсеви по германски јазик, како и редовните обуки и семинари достапни во текот на целата година.

Покрај овие многубројни придобивки, секој вработен во текот на годината добива и дополнителни стимуланси во форма на ваучери за пазарување. Ова се само дел од инвестициите што компанијата ги реализира во текот на годината, а чија цел е да обезбеди поголема стабилност и можности за напредок на своите вработени.

„Човекот во центарот на сите активности“ е принцип длабоко вткаен во темелите на dm drogerie markt уште од неговото основање и доследно се применува до денес, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кристина Форстер на предавање во Скопје ќе открие која е иднината на контент маркетингот

Редакција

(Галерија) Кунстхале Виена беше претесен да ги собере сите посетители кои дојдоа да ја видат солидарната колекција на МСУ

Редакција

(Фото) Македонскиот пица мајстор Зоран Јовановски се закити со златен медал на меѓународен натпревар во Монголија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница