еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зголемување за 3,9% на бројот на заболени со Ковид-19 во Македонија

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 15 до 21 февруари покажуваат зголемување за 3,9% на бројот на заболени со Ковид-19 во Македонија.

“Тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3%, просечно 14,7%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000.

Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000)„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 145 деца до 19 години заболеле со Ковид-19

Зголемување од 62,8% на смртните случаи од Ковид-19 во Македонија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корупција во владините редови, пренатрупани затвори, закани за новинарите: Што пишува во Извештајот на Стејт департментот за Македонија

Редакција

Владата ја разреши директорката на ДСЗИ, Бухова, на нејзино место доаѓа Рената Младеновска

Редакција

Раст од 28,9%: Минатата недела 49 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница