еМагазин
Image default
Македонија

Жбогар: „Рекет“ не влијае на европерспективата, да се најде решение за иднината на СЈО

Последните случувања во врска со случајот „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава, смета aмбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар. Напротив, како што вели, активностите што ги презема Јавното обвинителство претставуваат функционирање на владеењето на правото.

– Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека ЈО почнува да работи на случаи на корупција, а не само СЈО покажува дека има напредок и тоа е добро, изјави Жбогар денеска во Слатино.

Во изминатите неколку години, како што посочи, СЈО навистина напорно работеше и заврши многу добра работа, работеше на градење судска пракса за случаите на корупција и многу добро ги проследи кривичните дела кои произлегоа од прислушуваните разговори.

-Таму работат инзвонредни правници и истражители. Очекувам дека политичките лидери, кои се надевам дека ќе се сретнат на утре ќе се обидат да најдат решение за иднината на СЈО во рамки на Јавното обвинителство, рече Жбогар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги повика медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на загинатите во Кочани да ги отстранат и да не ги шират

Редакција

Нови 870 случаи на Ковид-19 од 5.844 тестирања

Редакција

Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на правата на Бугарите во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница