еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Логистичка подршка за решавање на енергетската криза: Железница ги подготвува капацитетите за транспорт на јаглен и мазут

Железници инфраструктура се вклучува од логистички аспект во решавање на енергетската криза и презема активности да се стават во функција капацитетите за транспорт на јаглен и мазут, изјави денеска за МИА, Хари Локвенец, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Како што информира Локвенец, ЖРСМ Инфраструктура во соработка со ТЕЦ Неготино е во финална фаза за целосната реконструкција на колосекот до термоцентралата, со што ќе овозможи непречен и безбеден транспорт на сите потребни количини мазут во следниот период.

Активностите за таа цел се споредуваат во изминатите две недели.

-Самоиницијативно, ЖРСМ Инфаструктура како општетвено одговорна компанија пристапија кон подготовка на железничката станица „Никола Карев“ во близина на Битола, која моментно не е во употреба, а претставува најблиската точка за логистичка поддршка на железнички транспорт на јагленот до РЕК Битола, најави Локвенец.

Оваа реконструкција, информира, ќе биде завршена во текот на неделава. Станицата не е во употреба поради малата фрекфенција, а ја подговтвуваме за да биде најдобрата логистичка поддршка за транспорт на јаглен. На ваков начин, укажа Локвенец, со камионски транспорт јагленот би се транспортирал само 10-на километри.

-Реконструкцијата е во насока на задоволување на сите еколошки стандарди, со оглед дека претоварот може да биде и еколошка закана, дополни Локвенец, истакнувајќи дека со постојната инфаструктура можат да одговориме на сите потреби за транспорт на јаглен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Илире Даути поднесе оставка од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади

Редакција

Најмалку до 7 февруари на сите за влез во Грција ќе им треба ПЦР или рапид тест

Редакција

„Во телефонот на Катица пронајдени необјавени селфиња на Боки13„: Твитер реакции за „изгубениот“, па најден мобилен на Јанева

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница