еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Железничкиот сообраќај на линијата Гевгелија – Велес се одвива комбинирано, со воз и автобус

Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, железничкиот сообраќај на линијата Гевгелија – Велес се одвива комбинирано, со воз и автобус, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите што ги добиле од „Македонски железници“, прекинот на железничкиот, патнички и товарен сообраќај, меѓу станиците Кукуричани и Градско (во близина на Стоби), е во прекин од вчера од 15:25 часот.

Од ЦУК додаваат дека, патничкиот сообраќај се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз.

Патниците што патуваат со воз од Скопје од станицата кај Градско го продолжуваат патот со автобус. Исто така, оние што со воз ќе тргнат од Гевгелија од Криволак патот ќе го продолжат со автобус.

Од ЦУК велат дека во текот на денешниот ден на терен треба да излезат експерти од Градежниот факултет во Скопје за да извршат увид на состојбата.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни се дојавите за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција

Кој е Бобан Стојановски: Што пишува во биографијата на новиот член на ДИК?

Редакција

Акции со најголем пад на вредноста: „Тетекс“ на врвот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница