еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Железничкиот сообраќај нормализиран, исплатен вториот дел од октомвриската плата

Патничкиот и железничкиот сообраќај од попладнево е нормализиран, откако на вработените во железничките претпријатија им е исплатен вториот дел од октомвриската плата што беше причина за неколкудневниот бојкот на синдикатите.

Претседателот на Независниот машински персонал во Железници на РСМ Транспорт, Душко Чакаровски во изјава за МИА информираше дека е исполнето барањето, но напоменува дека повторно ќе ја прекинат работата, доколку продолжи праксата со доцнење на исплатата на платите.

Согласно со дописот што претходно го имаа испратено до раководството на компанијата, доколку до 25 во месецот не им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, повторно ќе го блокираат сообраќајот.

Железничкиот сообраќај беше во прекин од 26 овој месец.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска заедничка седница на владите на Косово и Македонија во Приштина

Редакција

(Видео) Малиот Ноар од Косово се врати дома по успешната операција во Клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Ќе извиси ли Македонија: Попусто преименување на државата без датум за преговори со ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница