еМагазин
Image default
Локално

Жена загина во пожар во тетовско

Жена на возраст од 80 години го загуби животот во пожар во куќа што се случи во тетовското Жилче. Пожарот се случил околу 7 часот утринава.

„Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавен е пожар кон настанал во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче, во кој престојувала и била пронајдена почината 80-годишната Р.Ѓ. од ова село.

Пожарот го пријавил нејзиниот 44-годишен син, по што е целосно изгаснат од тетовската Територијална противпожарна единица“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Командантот на тетовската пожарна Ука Алити информира дека во гаснење на пожарот учествувале три возила со седум пожарникари.

„По пристигнувањето и почнување со гаснење на пожарот ни беше кажано дека внатре има една жена. Ние влеговме во објектот и ја најдовме жената која за жал веќе беше почината.

Забележавме оган во собата каде престојувала и на покривната конструкција. Пожарот е локализиран за дваесетина минути“, изјави Алити.

Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од СВР Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Млад струмичанец чувал 185 килограми марихуана во викендица во беровско

Редакција

„Макпетрол“: Гласно и позитивно против врсничкото насилство на голем настан во Градски Парк

Редакција

Драма во Скопје: Ги тепал сопругата, ќерката и нејзиното момче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница