еМагазин
Image default
Македонија

Андреј Жерновски ја напушти салата за време на говорот на Иванов во ОН

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја напуштил салата на Обединетите нации за време говорот на претседателот Ѓорге Иванов.

„Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легитимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации“, напиша Жерновски на својот Фејсбук профил.

„Македонија нема повеќе време за губење!!! Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина“, вели тој.

Фото: Твитер/Могерини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Иванов во ОН: Единствена вистина е дека ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Монструм“ продолжува на 21 септември со изнесување докази на Обвинителството

Редакција

Вкупно 1.164 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, починале осум

Редакција

Обвинителство: Дел од обвинетите за настаните од 27. април, организирани и со фантомки влегле во Собранието

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница