еМагазин
ЖИВОТ

Жител на Дебар загина во сообраќајна несреќа во Германија

Жител на Дебар, кој работел во Германија, синоќа го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на градот Кулмбах во државата Баварија.

– Несреќата се случила кога автомобилот марка „мерцедес“ што го управувал Омер И.(31) се судрил со камион и од здобиените повреди починал на самото место на несреќата. Тој во Германија работел како мајстор за прозорци и покриви во позната германска фирма, пишува Frankenpost.de.

За трагичната смрт на момчето објави на Фејсбук и Керим Шкрели, кој вели дека е длабоко погоден од оваа трагедија, бидејќи токму тој му помогнал да се вработи во Германија.

– Длабоко ме погоди смртта на момчето од Дебар кое животот го загуби во сообраќајна несреќа кај Кулмбах, кого го донесов на работа во Германија пред две години. Ја остави својата млада сопруга со три дечиња, едното новороденче.

Мудро, љубезно, вредно, многу благодарно и почитувано момче. Моето тело и срцето треперат. Сочувство до семејството, роднините, пријателите и другарите. Наскоро ќе го организираме транспортот на телото до неговата татковина, Северна Македонија, пишува меѓу другото Шкрели.

Дебарската јавност со неверување ја прими веста за смртта на момчето, за кое имаат само пофални зборови.

Пред неколку месеци во сообраќајна несреќа во Германија загина 21-годишно момче исто така од Дебар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Новинарката Катерина Топалова преку лично искуство во борбата со Ковид-19: Како загадениот воздух влијае на периодот на опоравување

Редакција

Попладне врнежливо време со силен ветер

Редакција

(Фото+Видео) Емотивни снимки од последната пловидба на Оливер Драгојевиќ: Неверојатна почест од сплиќани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница