еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жител на Крушево загина кога воз удрил во неговото возило во близина на железничката станица во Прилеп

Седумдесет и шестгодишен возач од Крушево загинал кога патнички воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во неговото возило „поло“ во близина на железничката станица во Прилеп. Несреќата била пријавена утрово околу 4 часот во СВР Битола.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на железнички премин на улица „Трајко Николоски“ со улица „Леце Котески“ во Прилеп, каде што возот удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (76) од Крушево, кој починал на самото место.

– Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп, информира МВР во дневниот билтен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска пред Уставен ќе го оспори балансерот за вработувањата по националност

Редакција

Лекови на Онкологија ќе има, проблемот е организациски, вели Клековски

Редакција

Како изгледа кривата на досегашниот тек на пандемијата со Ковид-19 во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница