еМагазин
Image default
Македонија

Жител на Мешеишта и се заканувал на британската амбасадорка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, Општина Дебрца, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, осомничениот на 14 април се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата.

На говорниот апарат осомничениот оставил порака со заканувачка содржина: „Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.

По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот.

-Со ова, осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, пред се ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 813 пациенти со Ковид-19

Редакција

Антикорупциска ја запре постапката за набавката на службено возило на поранешниот претседател на Врховен, Вангеловски

Редакција

Антикорупциска отвори постапка за доделувањето на наградата „Св. Климент Охридски“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница