еМагазин
Локално

Жител на Миравци одгледувал 60 стебла марихуана во атарот на селото

Секторот за внатрешни работи Струмица – Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информира МВР.

„Во атарот на село Миравци, на место викано „Лаго“ на три локации на растојание од околу 50-60 метри полициски службеници откриле насади со стебла од растението Cannabis Sativa, а при увидoт било утврдено дека на три локации има 60 стебла од растението Cannabis Sativa.

Од страна на полициски службеници од Надворешната камцеларија за криминалистички работи Гевгелија преземени се мерки и активности со цел расчистување на случајот. Пријавениот С.К. на 08.09.2020 во 18.10 часот, на местото викано „Лаго“, атар на с. Миравци, на лице место бил затекнат од полициски службеници како неовластено одгледува растение Cannabis Sativa.

По извршен претрес во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршетоци во завршна фаза на вегетација набрани од три стебла од растението Cannabis Sativa. По наредба на јавен обвинител истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот“, соопшти МВР.

Пронајдените предмети биле одземени, а по добиениот извештај од вештачењето пријавениот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против скопјанец кој неовластено снимал полицајци

Редакција

Се тепале тројца на двајца кај фонтана во Градски парк

Редакција

Филм на улиците во Гостивар: Бегал со мотор и удрил во полицаец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница