еМагазин
Бизнис

Жито лукс ја зголеми добивката

Жито лукс АД Скопје во втората половина од 2018 година, оствари добивка од редовно работење пред оданочување од 6.963 илјади денари, што е за 30% повисоко од истиот период минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Вкупните приходи од продажба се на исто ниво како и минатата година, пораст бележат продажбите на домашен пазар од 1%, додека пак кај странскиот пазар има пад на продажбите од 33%.

Трошоците на произведените производи се зголемени за 3%. Зголемените трошоци се резултат на повисоките цени за енергенсите (гас и електрична енергија), како и зголемувањето на цените на некои основни суровини.

Административните трошоци се намалени за 6%, додека трошоците за продажба и маркетинг се зголемени за 2%, поради зголемените активности за рекламирање и промоција.

Останатите оперативни приходи се повисоки од минатата година поради еднократен ефект – капитална добивка од продажба на материјално средство, додека вредносното усогласување на нетековни и тековни средства и останати оперативни расходи се на исто ниво како и мината година„, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орце Камчев не е повеќе директор на „Орка Холдинг“, компанијата ќе ја води Антоније Мариноски

Редакција

Драгољуб Арсовски купи акции во ТТК Банка

Редакција

Поради зголемен обем на работа: Царинската управа распиша оглас за вработување на 78 лица

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница