еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двата дена од продолжениот распуст ќе се надоместат во јуни

Заради подобро функционирање на училиштата е одложен почетокот на второто полугодие од учебната година, на 23 наместо на 18 јануари, изјави ресорниот министер Јетон Шаќири.

Доколку има потреба, додаде тој, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе се надоместат во јуни.

-Нема целосна работна недела, се работи за два односно три работни дена за одредени ученици. Требаше да се почне во среда, четврток е празник, да се продолжи во петок. Заради подобро функционирање на училиштата, одлучивме да се почне од понеделник, истакна Шаќири.

Во однос на загубените наставни часови во првото полугодие во училиштата каде што беа пратени пораки за наводно поставени бомби, тој рече дека онлајн настава не е решение на проблемот, бидејќи учениците повторно ќе треба да се вратат во училиштата и очекува сторителите да бидат откриени.

-Затоа инсистирам докрај за физичко присуство на настава и побрзо да се најдат виновниците на лажните дојави за бомби, изјави Шаќири по потпишувањето на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За неколку дена продолжен зимскиот распуст за учениците

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО, претпочита стандарден модел без хибридни решенија

Редакција

Починаа уште 13 лица од Ковид-19, вкупно 3.111

Редакција

„Самохрана мајка со додаток на плата од 157 илјади евра„: Твитер реакции за заработувачката на Јанева и одлуката да оди во домашен притвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница