еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ: Новинари и медиумски работници над 40 години може да се пријават за вакцинација

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ) информира дека повикот за вакцинација на новинарите и медиумските работници е дополнет, и може да се пријават и лица кои се над 40 години.

-Во прилог на претходното известување за вакцинација на новинари и медиумски работници на територијата на државата, се отвора можност да се пријават и лица кои се над 40 години, се вели во соопштението на ЗНМ.

Од Здружението информираат дека пријавувањето повторно ќе се врши преку редакциите кои треба да достават список на електронската пошта: contact@ssnm.org.mk единствено со испраќање на пополнет формулар кој можете да го симнете тука или во прилог на овој маил.

Рокот за достава за формуларот е вечерва до 20.00 часот.

Новите услови се: хронично болни новинари и медиумски работници или новинари и медиумски работници кои се на возраст над 40 години, кои се најизложени на вирусот – работат на терен или имаат чести студиски снимања.

-Ќе се прифаќаат пријавите кои се испратени исклучиво во овој образец во кој треба да биде означено одговорно лице за контакт од редакцијата. Во врска со терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат контактирани од претставник на Министерството за здравство или од претставник од новинарските организации, посочуваат од ЗНМ.

Како што појаснуваат, останатите новинари и медиумски работници кои не се опфатени во оваа група ќе бидат опфатени во втората фаза на вакцинација која е најавена за крајот на април.

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има најава за причестување од иста лажичка го осудувам и апелирам да не се прави, вели Филипче

Редакција

Канадерите на ДЗС направиле повеќе од 120 лета и исфрлиле 300 тони вода

Редакција

Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница