еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЗНМ, СЕММ и ИАБ ќе соработуваат за дигиталното огласување да се одвива во медиумите во Регистарот

Потписниците на Меморандумот за соработка, во рамки на својата примарна дејност и цели, заеднички ќе дејствуваат и во корист на дополнително унапредување на работата на новинарите, медиумите, издавачите, маркетинг агенциите, како и подобрување на стандардите на дигиталното огласување на територијата на Република Северна Македонија.

Преку заеднички активности, трите здруженија, меѓу другото, ќе се стремат и кон континуирана промоција и унапредување на етичките стандарди како и иницијативи за градење на капацитетите на своите членови.

Според претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски со оваа, заедничка, иницијатива, „ќе се унапреди промоцијата и развојот на Регистарот на професионални онлајн медиуми и дополнително ќе се засили медиумската саморегулација како механизам за промоција на медиумите кои ги почитуваат професионалните и етичките стандарди при известувањето“.

Претседателката на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), Катерина Синадиновска, го истакна значењето на заедничката иницијатива меѓу СЕММ, ЗНМ и Стопанска комора, како и можноста, во рамки на внатрешната координација во ИАБ, да се поттикне процесот на пристапување на поединечни информативни онлајн медиуми кон Регистарот на професионални онлајн медиуми.

„Во иднина, ЗНМ и СЕММ ќе работат на конкретни, заеднички активности за членките, во насока на промоција на етичките стандарди, заедничките обуки, унапредувања на етичките правила за известување и сл.“, изјави Синадиновска.

Претседателката на Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија (ИАБ), Сашка Николова најави дека „во иднина ќе се унапредува понатамошната соработка во насока на подобрување на дигиталното издаваштво, промоција на етички стандарди, како и развој на дигиталниот пазар и огласувањето во Македонија”.

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирано второ издание на книгата „Буниште од емоции“

Редакција

Само уште неколку часа ве двојат од луксузно патување во Дубаи, BMW1, iPhone 14 pro, гејминг лаптоп Lenovo

Редакција

Денеска започнува Саем на книга и ќе трае до 14 септември

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница